• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Не фрлајте петарди – силниот звук создава трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот

Звукот од употребата на пиротехничките средства има огромно негативно влијаение кај децата со потешкотии во развојот и аутизам и затоа е важно да не се употребуваат, објаснуваат стручните лица. Од силниот звук на петардите и пиротехничките средства кај нив се јавуваа разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.

27/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Звукот од употребата на пиротехничките средства има огромно негативно влијаение кај децата со потешкотии во развојот и аутизам и затоа е важно да не се употребуваат, објаснуваат и алармираат стручните лица. Од силниот звук на петардите и п,иротехничките средства кај нив се јавуваа разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.

-Лицата со аутизам, како и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност,страв. Силните сензорни дразби , доколку лицето има сензорни проблеми ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува Милица Серафимовска, дефектолог.

Сведоштвата на родителите и стручните лица се различни, но и алармантни.

-Некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади. Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, наручена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања.Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира дефектологот Милица Серафимовска.

За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби.

Тетово инфо во соработка со дефектологот Милица Серафимовска ја покренува оваа информативна кампања со цел да се подигне јавната свест за некористење на пиротехнички средтва, затоа што сите луѓе заслужуваат весели празници.

Фотографија-pixabay.com

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Дете и 59 годишник повредени поради напади од бездомни кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.