Помина една година од поставувањето камен темелник за фабрика за електрични автомобили во Тетово, но објектот се уште не ни почна да се гради.
На 13 август минатата 2022 со потпишување на договор помеѓу Дирекцијата за на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и германската компанија во Технолошко-индустриска развојна зона и поставување камен темелник беше означен почетокот за инвестиција за која се најавуваше дека ќе има целосно производство на електрични автомобили.
Владата најавуваше дека ќе има фабрика на 60 илјади метри квадратни, во која треба да има скоро 900 работни места и инвестиција од 130 милиони евра.
фотографија: www.vlada.mk