Претседателот на ДУИ Али Ахмети од партиското седиште на ДУИ во Мала Речица преку видео објави дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат, а го промовираше слоганот „НЕ за Русија, ДА за Европа“ како и дека после изборите неговата партија ќе се заложи за уставни измени согласно кои претседател и потпретседател да се бираат со 2/3 мнозинство од гласовите на пратениците во Собранието.
-Поларната мечка, Русија, ни тропа на врата и е веќе во сите пори на нашето општество, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата. Русија е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во цивилното општетсво, во нашето стопанство, нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството, не само кај нас, туку и во нашиот регион. Рускиот претседател Путин, Министерот за надворешни Лавров, изјавија дека членството на Македонија во НАТО е пламена линија за Русија, и се построија против нашето членство во Европската Унија. Сега сме сведоци на масивното малигно мешање за да ни се оневозможи продолжување на нашиот европски пат и враќање на повеќедецениската изолација која ќе го дестабилизира нашето општество. Македонија е мала земја и е крстопат на цивилизациите, со кревко мултикултурно и мултиетничко општество, уште цело неконсолидирано, елементи кои се од интерес за Русија за да ги искористи на начин за да постигне домино ефект во целиот регион и да го дестабилизира регионот. Ова е вистинска закана! Затоа, како никогаш досега, Ве поканувам да се здружиме, вие и ние, заедно со сите други, рака под рака, рамо до рамо, да ја водиме последната битка од вечната војна до големата победа и во едногласно да се изјасниме: НЕ ЗА РУСИЈА, ДА ЗА ЕВРОПА! Ние имаме одлучни и храбри жени и мажи кои ќе се соочат на злонамерната канцерогена стихија, додека јас сум спремен да ја водам последната одлучувачка битка за обединување и интеграција заедно со Вас, рече во обраќањето Ахмети.
На прес-конференција за дополнителни прашања по видео-обраќањето, за идејата за таканаренечен консензуален претседател Ахмети рече дека е дел од нивните програми од 2016 и 2020 година.
На прашањето зошто не одговори на барањето на Таравари да му биде противкандидат за претседател, Ахмети рече дека му се заблагодарува за понудата но дека игра во Супер лига, додека Таравари игра локално.
Понатаму тој рече дека нема да соработува после изборите со партиите кои се против нивните заложби како што се Преспанскиот договор или независноста на Косово.
Лидерот на ДУИ беше прашан дали ќе се повлече ако изгуби неговата партија на избори.
– Иако ќе размислам дали да се повлечам, ДУИ не ми го дозволува тоа, оваа комоција не ми ја дозволува. ДУИ не знае за порази. Не сум разговарал за бројки (н.з за пратеници) никогаш, бидејќи секогаш сум грешел, помалку сум кажал, а повеќе сме добиле, одговори Ахмети и на прашањето колку мандати очекува да добие во Собранието.
ас