Преку видео обраќање кандидатот за советник Никола Столевски порача дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги застапува интересите на Македонците во Советот на Општина.
На Тетово му требаат нови луѓе за да се придвижи напред. На Тетово му требаа стабилни луѓе за кои дадениот збор е збор, луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на Македонците во Советот на Општина Тетово, истакна Никола Столевски кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ.
Затоа на 20 август заокружете го бројот 2.ВМРО-ДПМНЕ гарантира за советничката листа,за програмата што ќе донесе нови промени,проекти и победи за сите тетовчани.За наше Тетово! Еднакво за сите, порача Столевски