Нова најава од владините функционери дека ќе гради обилколницата за Тетово на потегот Требош-Неприоштено. Ова од Тетово го соопшти заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи. Во септември директорот на Јавното претријатие за државни патишта уверуваше дека во октомври ќе се почне со градба.
Артан Груби: Механизацијата за изградба на Коридор 8 е на пат кон нашата земја
– Министерството за транспорт и врски веќе даде одобрение за градба за обиколницата. Сите процедури од нашата страна се завршени и сега во јавното претпријатие мислам дека кога ќе почнат со работите ќе информираат. Нашата страна беше во процедура да се даде одобрение за овој проект и тоа е добар почеток чим е дадено веќе одобрението за градба, истакна денес Беким Реџепи.
министерот во министерство за транспорт и врски, Беким Реџепи со пратеници и советници од Демократска унија за интеграција одржи прес-конференција на улицата „Браќа Миладиновци“ во Тетово каде се извршува реконструкција.
Реџепи рече дека Министерството финансира обнови на улици во сите градови без разлика на тоа од која партија доаѓа градоначалникот. Улицата се обновува во вкупна должина од еден километар, а тоа ќе чини 265 илјади евра. Во зависност од временските прилики се очекува да заврши за четири до пет месеци.
– Правиме увид во работите на овој дел на локален пат односно улицата „Браќа Миладиновци“. После завршување на други проекти, што биле финансирани од министерство за транспорт и врски како булеварот „Благоја Тоска“, улица „Ѓоце Стојчевски“ и улица „Гоце Делчев“ денес сме сведоци дека ние како Влада без разлика на политичките провиниенции на градоначалниците во општините сепак работиме и инвестираме за доброто на граѓаните. Се надевам дека во предвиден рок според договорот овој пат ќе биде завршен, изјави заменик министерот Беким Реџепи.
Граѓаните кои не се задоволни од правниот процес на експропријација на Коридор 8, да поведат судски спор. Ова беше одговор на заменик министерот на новинарско прашање, за граѓаните од Долна Бањица кои преку протест изразија незадоволство од експропријацијата.
ас