Со одлука на седницата на Советот на Општина Тетово дополнителен број делови од улици во градот се прогласуваат за еднонасочни
Од одделението за сообраќај на денешната 13-та седница образложија дека воведувањето на еднонасочните улици е со цел да се намали сообраќајниот метеж на тие делници.
-Со прогласувањето на овие улици за едносмерни, значително ќе се растерети режимот на одвивањето на сообраќајот на овие улици. Измените на режимот на сообраќајот на улиците од член 1 на оваа Одлука како едносмерни улици ќе биде од времен карактер, се до реализацијата на деталните урбанистички планови на овие улици, е образложено во предлог одлуката која беше прифатена од советниците.
За еднонасочна улица се прогласени дел од улица „Мурат Бафтијари“ од улица „К.Р-Дрнц до улица „Браќа Миладинови“, потоа дел од улица „Мурат Бафтијари“ над женски пазар до улица „К.Р-Дрнц, улица „Иво Рибар Лола“ од музичко училиште до улица „Тодор Циповски-Мерџан“ ( стара бибиотека) и дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ од крстосница со „Тодор Циповски-Мерџан“ ( стара бибиотека) до крстосница со улица „Страшо Пинџур“, дел од улицата „Јордан Златановски“ од улицата „Кумановска“ до улица „Мирче Ацев“.
ас