Пливачкиот клуб „Шкорпионс”- Тетово кој беше формиран на 15 ноември 2023 година од денес е нов член на Пливачката федерација на Македонија со што ќе почне да учествува во државниот натпреварувачкиот систем во овој спорт.
Клубот моментално брои вкупно 60 деца-пливачи, на возраст од 3 па се до 15 години.
„Пливачкиот клуб „Шкорпионс”, денеска испиша историја кога е во прашање пливањето во Тетово. Ова е голем и значаен ден за спортот во Тетово. За првпат тетовчани ќе бидат учесници во различни категории и пливачки дисциплини низ градовите каде ќе се одржуваат државни натпревари во пливање. За краток период има потенцијални пливачи кои би можеле наскоро да одговорат на предизвикот и да ги бранат боите на клубот на државните натпревари. Стручниот кадар на клубот, тренерите Небојша Арсиќ и Станиша Златановски, ветуваат дека не само што го заживеaја пливањето во градот, туку тетовчани во иднина ќе можат да се радуваат и на освоени награди и титули, зошто не и на соборување на рекорди и учество на меѓународни натпревари во пливање, информираат од клубот.
Од ПК „Шкорпионс“ информираат дека се отворени за уште нови членови и ги повикуваат децата да се зачленат.