Норвешката компанија Нормак инвестмент груп NORMAK INVESTMENT GROUP која управува со Технолошко-индустриската развојна зона Тетово во пресрет на Новата година донираше новогодишни пакетчиња за сите ученици во подрачното училиште на ОУ „Братство-Миѓени“ во Сараќино сите овдешни деца помали од 6 години, информираа од училиштето.
Донацијата и настанот е по иницијатива од Месната заедница на Сараќино.
– Овој хепенинг ги израдува детските срца и го разубави крајот на првото полугодие од оваа учебна година, порачаа од училиштето.
Новогодишни пакетчиња добија околу 150 ученици до деветтото одделение и сите деца помали од шест години од Сараќино.