Национален парк Шар Планина : Четири дена гаснење од страна на ренџерската служба на ЈУНП Шар Планина за жал не вродија со плод, иако денес добивме поддршка и од воздухопловните сили на МВР кои исфрлија 7 ведра вода, а на терен излезе и пожарната единица од Тетово, ова е состојбата со пожариштето во 18:00 часот.
„Поради неповолните временски услови очекуваме дека состојбата дополнително ќе се влоши. Ги повикуваме жителите на село Селце да излезат и да ги бранат своите имоти. Уште еднаш потсетуваме дека палење оган е неодговорно однесување и без исклучоци резултира со катастрофи. Напорите за локализирање на пожарот продолжуваат“, велат од НП Шар Планина.
Од МВР во 17 часот соопштија дека Одделот за воздухопловни единици на МВР го упатил хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што исфрлени се 20 тони вода, а пожарот кај Селце е локализиран.
фото НП Шар Планина