Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје. Вчера (18-јануари) од 12 до 17 часот спроведена е акциска контрола во која биле откриени и санкционирани 17 возачи кои вршеле неправилно и непрописно престигнување (ТЕ-14 и ГВ-3).
За сите возачи прекршители се изготвени предвидените законски поднесоци со парични глоби, кои за ваков вид на прекршок се движат од 45 до 300 евра во денарска противвредност, додека оние кои вршеле престигнување на колона, полна линија или пред крстосница ќе се соочат и со заштитна мерка забрана за управување возило од 3 до 12 месеци. При контролата, биле констатирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-16 и ГВ-1).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да не тргнуваат на пат со технички неисправни возила и без потребната опрема, зашто на тој начин ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.