Полициски службеници на СВР Тетово вчера (25 јуни) од 18 до 24 часот спровеле акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 14 прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-7).Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-2 и ГВ-5) се однесувала на некористење на заштитен шлем, односно кацига, 4 мотоциклисти (ТЕ-3 и ГВ-1) управувале без возачки дозволи, 1 (ГВ) со истечена полиса, а утврдени биле и 2 (ГВ) други видови недостатоци.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност. Санкционирани, исто така, биле и 9 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-3).
Секторот за внатрешни работи Тетово со уште еден апел до мотоциклистите задолжително да користат заштитна опрема, пред се за нивна поголема безбедност и да не возат пребрзо низ тетовските и гостиварските улици. Зашто, веќе е зголемена вкупната сообраќајна фрекфренција на возила, најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и околните регионални патишта.