Вчера (16 ноември) од 8 до 20 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово откриени и санкционирани се 16 прекршоци, односно пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-7 и ГВ-9). Едно возило-возач (ТЕ) пречекорило за над 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Покрај ова, санкционирани се и 70 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-45 и ГВ-25). Најголемиот број од другите прекршоци констатирани на тетовското подрачје (14) се однесувале на непрописно паркирање и на управување без возачка дозвола (8) и така натаму.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат важечките правила и прописи околу паркирањето, посебно во централното градско подрачје и посебно да го избегнуваат паркирањето во таканаречени „двојни редови“.