Соопштение СВР Тетово 12 март 2024
Во изминатите речиси два и пол месеци од оваа година, тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај изрекла вкупно 623 мерки за непрописно паркирање, претежно во централното подрачје на Тетово, но и на други места во градот.
Инаку, во координација со тетовската „пајак-служба“ во овој период биле подигнати 56 возила, претежно возилата кои го попречувале нормалното и непречено движење на другите учесници во сообраќајот. Најмногу од нив биле паркирани во таканаречени „двојни редови“, во зони на крстосници, на тротоари , во зеленило или на други недозволени места.
СВР Тетово-Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во наредните денови, посебно во попладневните часови, ќе ги засили контролните активности околу паркирањето, за да се спречат евентуални поголеми сообраќајни мешаници, пред се на најфрекфрентните улици „Илинденска“, „Маршал Тито“, „Благоја Тоска“, „Видоја Смилевски-Бато и други.