• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Од среда почнува наплаќање на доплатниот билет ако се пречекори времето за платено зонско паркирање во Тетово

27/02/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Јавното претријатие „Градски паркинг“ од Тетово од среда 1 март ќе почне да наплаќа пречекорување на времето за зонско паркирање.  Станува збор за таканаречен доплатен билет, што граѓаните ќе ги чини 1500 денари, а беше најавено минатата година.

-За потсетување, доколку корисникот на паркинг место го пречекори предвиденото време за паркирање, а не го продолжи користењето на паркинг услугата ( доколку таква можност е предвидена со системот за наплата на паркинг услугата ), како и во случај на паркирање на возила на места предвидени за паркирање на возила на лица со посебни потреби, од страна на лица кои не спаѓаат во оваa категорија, прави повреда на условите за корстење на паркинг местото, за што е должен да плати доплатен билет. Висината на доплатниот билет се утврдува во Тарифникот на ЈП “Градски Паркинг” – Тетово и ќе изнесува 1500 ден. Ако истиот се плати во рок од 24 часа од денот на издавање, ќе се плати само половина од вредноста, односно 750 ден, информираат од претријатието.

Налогот за плаќање на доплатниот билет го издава контролорот.

-Доколку пак, доплатниот билет не се плати во рок од 8 дена од денот на издавање за корисникот на паркиралиштето, ќе се покрене постапка за наплата на долгот со доплнители трошоци поврзани со присилна наплата и законска затезна камата. Почитувани граѓани,за да не се соочите со непријатни ситуации, апелираме и Ве молиме да се придржувате до правилата и прописите за паркирање. Заедно да делуваме и да работиме за да го подобриме редот во паркирањето во градот. Да ги почитуваме правилата, за поголема безбедност на сите нас, порачуваат од Градски паркинг.

Во рамки на соопштението ја објавуваат и уплатница на чија задна страна исто така, е објаснет начинот за наплата на доплатниот билет.

Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 40 денари, додека во Зона Б, 30 денари од еден час и во зона Ц е 20 денари.Од понеделник од петок зонското паркирање зимско време се наплаќа од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовските полицајци ги запознаваа децата со сообраќајните поими

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.