Од утре, петок 16 јуни тетовската секција на Јавното претпријатие Македонија пат Скопје ќе почне да работи на реконструкција на улицата „Киро Ристоски-Дрнц“ која е нивна обврска со оглед дека е транзитна делница и дел од регионалниот пат Р1206 (Тетово-Пирок).
Станува збор за дел од улицата од кружниот тек кај Пржова Бавча со булеварот „Илинден“ па се до спој со регионалниот пат Р1209 Тетово-Попова Шапка односно кај жичарницата.
– Отпочнува реконструкција на транзит од регионален пат, во должина од 600 метри ширина 9 метри. Реконструкцијата ќе опфати, стругање на коловозот и вградување на нов завршен слој од 5 сантиметри. Инвеститор е Јавно претпријатие за државни патишта Скопје, а изведувач ЈП Македонија пат Скопје-секција Тетово. Се молат граѓаните кои гравитираат и го користат овој патен правец, живеат во овој дел на градот да имаат разбирање за времен режим на сообраќајот, информираше Деан Јовановски од секција Тетово.
Работите ќе се изведуваат наредните десет дена почнувајќи од 7 до 19 часот секој работен ден и сабота.
as