Црквата посветена на Свети Јован Богослов во тетовското село Отушиште, сега составен дел од село Теарце денес го празнува патронот. Црквата се наоѓа над селото и потекнува од 13 век.
Со името на светиот апостол и евангелист Јован се поврзани два празника, според календарот на МПЦ. На 21/8 мај, е мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб, додека споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември.