• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Одбележани десет години од интронизацијата на тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф

02/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовско-гостиварската епархија соопшти дека во Лешочкиот манастир е одбележан одбележан десетгодишниот јубилеј од поставувањето на митрополитот.гЈосиф.

На чествувањето со пригодно слово се обрати поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија г. г. Стефан истакнувајќи ги заслугите и постигнувањата на Митрополитот г. Јосиф.

Со свое слово од името на свештенсвото на Тетовско-гостиварската епархија пред присутните се обрати и секретарот на епархијата.

-Митрополитот Јосиф за нас неговите соработници и свештеници не е само претпоставен и надлежен архиереј, тој пред сè и над сè е човек, кој е достапен во секое време за нас и за сите наши потреби. Тоа е најголемиот дар за еден свештеник – да има во лицето на својот владика – човек, кој е отворен и кој постојано се грижи и ги разбира своите чеда. Тој негов делотворен, искрен, па би го нарекол и пријателски однос се отсликува и во неговите односи со народот. Неговата отвореност за комуникација со секој еден човек најмногу зборува за неговата способност за да ислуша, за да посоветува, па дури и да помогне не само со зборови, туку и со дела. Тоа негово молитвено смирение, трпението и сочуствителност на моменти најмногу сме ја осетиле ние кои сме присутни во оваа просторија. Но, и покрај неговата монашка душа, заради епархиските и пастирските потреби – тој е човек од акција, грижлив архиереј, добар раководител и набљудувач на сите општествени случувања во нашата земја, порача отец Марјанчо Мадевски,секретар на Тетовско-гостиварската епархија.

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по упокојувањето на Митрополитот Кирил во 2013 година, донесе одлука дотогашната Полошко-кумановска епархија да ја подели на два дела, односно на: Тетовско-гостиварска епархија и на Кумановско-осоговска епархија.

Само неколку месеци потоа Синодот носи уште една значајна историска одлука и за прв Митрополит на новооснованата Тетовско-гостиварска епархија го избира дотогашниот викарен Епископ велички г. Јосиф, чие што митрополитско служење започна со денот на неговото востоличување на 03 ноември 2013 година во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава
Sve_za_ljubav

Комедијата „Сè за љубов" гостува утре во Тетово

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
6 ° c
88%
0.65mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!