На прес-конференција порпаролката на Општина Тетово, Бесарта Рамадани, објави дека инспекторатот продолжи со акцијата за отстранување на објекти кои зафаќале јавен имот, по предходно известување на сопствениците на овие објекти со решението за отстранување.
-Лицето кое го користи киоскот лоциран на јавен имот во близина на средното медицинско училиште, не го почитувал решението на Инспекторатот за отстранување на материјалот внатре. Тој исто така нема никаков документ за имотот или дозвола за предметниот објект.
Од друга страна, тетовската полиција продолжува да ја бојкотира работата на општинскиот инспекторат и покрај тоа што повеќепати била известена за предметната акција. Тие застанаа како гледачи, воопшто не интервенираа да обезбедат услови инспекторатот да ја спроведе акцијата како што предвидува Законот. Тетовската полиција и понатаму е под политичко влијание на ДУИ која се обидува да ја попречи работата на градоначалникот на општината која се повеќе ја добива поддршката од граѓаните. Им благодариме на граѓаните за поддршката и подготвеноста за соработка со Општината за интересите на градот и граѓаните. Слободното движење на граѓаните и ослободувањето на јавните површини беше приоритет за нас и за граѓаните, па ќе продолжиме со акцијата за која станува збор. Ние ја работиме нашата работа, додека полицијата, која треба да гарантира ред и безбедност, за жал продолжува да ги следи политиките на ДУИ, а не да помага во нашите постапки. Но, напорите на полицијата и владејачката партија да создадат конфузија и тензична атмосфера нема да успеат затоа што тетовчани ја прочитале оваа игра и не паѓаат во нивните стапици, истакна Бесарта Рамадани.
СВР Тетово вчера информираше дека на Општина Тетово им предложиле отстранувањето да се направи наредниот месец.
ас