Соопштение на Општина Тетово 20 март 2024
По реструктуирањето на тетовското комунално претпријатие и доделувањето на концесија за управување со комунален отпад, Ве известуваме дека од овој месец за прв пат ќе се издаваат фактурите на новото претпријатие „Заубермахер“. Фактурата е за сите општински услуги, управување со комунален отпад, одржување на јавните површини и зеленило, како и снабдување со вода за пиење и одведување на атмосферски и отпадни води. Ве известуваме дека и покрај тоа што е изменета методологијата за пресметка на отпадот, нема зголемување на цената по единица.
Сите граѓани кои добиле повисоки фактури од досегашните, треба да се обратат во канцелариите лоцирани на Зелениот пазар во Тетово како и на влезот во селото Палчиште, за да ги усогласат своите податоци за компанијата да може да врши реална наплата.
Доколку не сте задоволни од одговорот на претпријатието, ќе можете да се обратите до канцелариите на општина Тетово. Ние како општина ќе формираме посебна комисија која ќе го испита секој презентиран случај и ќе најде решение кое ќе биде во Ваш интерес.
Со оглед на тешката финансиска состојба на ЈКП Тетово акумулирана со години, ги замолуваме граѓаните редовно да ги плаќаат сметките за општинските услуги, доколку сакаат да имаат чиста животна средина и редовно снабдување со вода за пиење.