• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Општините Јегуновце и Теарце ќе соработуваат за асфалтирање на нов патен правец

16/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Соседните општини Јегуновце и Теарце ќе соработуваат и заеднички ќе бараат поддршка од централните институции за нова асфалтна делница која ќе поврзува две села и ќе претставува приклучок за два регионални патни правци.

Идејата е да наместо земјениот пат помеѓу Горно Орашје и Долно Орашје да има асфалтирана делница, преку која ќе може да се стигне до регионалниот пат Р1203 Тетово-Јажинце како и до правецот Р2234 Сарај-Радуша-Јегуновце-Теарце.

-Како градоначалник на општина Јегуновце ја поддржувам иницијативата и барањата на граѓаните од населените места Беловиште, Вратница, Старо Село, Рогачево, Јажинце, Долно и Горно Орашје за пробивање на патот Долно-Горно Орашје за негово асфалтирање и ставање на функција и давам целосна подршка за реализирање на овој проект. Преку овој пат граѓаните од горенаведените населени места ќе можат да се приклучат на Регионалниот пат 2234 кој започнува од Сарај и се движи спротивно од реката Вардар преку Радуша и Јегуновце до Теарце, во близина кај делницата 1523 и за многу кратко време и пократка должина да стигнат до Градот Скопје, Аеродром, а преку обиколницата до северниот, источниот, централниот и југоисточниот дел од државата, изјави градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

Претставниците на локалните самоуправи разговарале да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски и до Владата за отворање на овој патен правец.

-Овој пат ќе придонесе за развој на селско-планинскиот туризам, каде љубителите на природата ќе можат полесно и побрзо да стигнат до излетничките места што ги нуди овој крај, како и посета на планинарскиот дом Љуботен и самиот врв.  Со овој пат благодет би имале и жителите од населените места на Општина Сарај, на кои ќе им биде овозможен побрз пристап до граничниот премин Јажиннце за влез во Република Косово, потенцира Костадиноски.

Од Горно до Долно Орашје има околу шест километри пат што треба да се асфалтира. Регионалниот пат 2234 има вкупна должина од 33,2 километри, додека Р1203 Тетово-Јажинце 27,7 километри.

ас

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

КК Тетекс организираше хуманитарен кошаркарски натпревар, средствата од продадените билети ќе се донираат за Турција и Сирија

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
11 ° c
76%
8.23mh
99%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!