На денес одржаната трета седница на Општинскиот совет за социјална заштита (ОССЗ) Тетово присуствуваа повеќе претставници на граѓански здруженија од истата област кои побараа ургентни мерки од локалната самоуправа.
Од Канцеларијата за односи со јавноста информираат дека претставниците на здруженијата побарале овој Совет да ги надмине проблематиките како недостатокот на услуги за домашна нега и помош за стари лица, потребата од адаптирање на Дневниот центар за работа со деца со посебни потреби и над 26 години, реновирање на пензионерскиот дом, адаптирање на институции и спортски сали за лица со посебни потреби, подобрување на урбаната инфраструктура за слепи лица, зголемување на стручниот кадар на психолози, логопеди во основните и средните училишта и надминување на недостиг од образовни асистенти во јасли и училишта итн.
Од Општина Тетово одговорот е дека преку ОССЗ ќе се работи во функција на граѓаните и нивните потреби овој пат. Посочено беше дека ќе се продлабочи соработката со претставници на сите релевантни институции, организации и експерти.
– Во фаза на финиширање е Социјалниот план на општината и Годишната програма за работа на ОССЗ за следните три години со кој ќе се опфатат сите категории на граѓани од социјален ризик. Се надеваме дека ќе ја најдеме вистинската поддршка од релевантните институции за реализација на Социјалниот план со кој значително ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните, изјави претседателката на Општинскиот социјален совет, Халиме Рустеми.
На оваа седница беше присутен и лиценциран толкувач на знаковен јазик за потребите на глувите лица и лицата со оштетен слух за да бидеме подеднакво достапни за сите.
Надлежностите на општините во социјалната заштита се регулирани со Законот за локална самоуправа, кој предвидува заштита на социјалните категории
ас