Дали вашата компанија е подготвена да се справи со итни случаи? Поликлиника ЛАОР во Тетово сега нуди обуки за сертификат за прва помош прилагодени за компании. Дозволете им на вашите вработени да ги стекнат вештините потребни за брза и ефикасна реакција при здравствени итни случаи.
Д-р Кадри Кадрија, специјалист по трудова медицина во Поликлиника ЛАОР, истакнува дека според државните регулативи, секоја компанија со над 20 вработени е обврзана да има барем едно лице кое е обучено и сертифицирано за пружање прва помош. Оваа обука им овозможува на вработените да реагираат брзо и правилно во случај на здравствени инциденти, заштитувајќи ги и колегите и посетителите во компанијата.
„За да добие сертификат за прва помош, вработениот треба да стекне медицинско знаење кое ќе му помогне да се справи со ситуации како фрактури, срцеви удари, епилептични напади и многу други”, објаснува д-р Кадрија. „Пример, доколку вработениот доживее фрактура на рака или нога, обученото лице ќе знае како да ја стабилизира повредата за да не предизвика дополнителни компликации.”
Курсот опфаќа животоспасувачки вештини како справување со надворешно и внатрешно крварење, изведување на Хајмлихов зафат и справување со до 90 различни итни ситуации. Сертифицираните вработени не само што ќе бидат подготвени да помогнат во работната средина, туку и на јавни места како ресторани или настани на отворено, додавајќи и хуман аспект на обуката.
Покрај обуките за прва помош, Поликлиника ЛАОР нуди и систематски прегледи за утврдување на здравствената состојба на вработените и медицински уверенија за нововработени.
(ПР објава)