• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Освен прозорците демолирана целата внатрешност на планинарската кула на Титов врв

25/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ по понеделничката објава дека се оштетени прозорците на планинарската кула на Титов врв, вчера биле таму за целосен увид и утврдиле дека луѓе во голема мера ја демолирале внатрешноста. Покрај членовите на клубот на увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови.

Со оглед тоа дека во изминатите неколку години членовите на овој клуб носеа материјали за опремување на кулата, се знае и висината на материјалната штета.

-Кулата е вандализирана во периодот измеѓу 8 и 18 декември 2022.Направена е голема  правени од ванадлизирањето. Врз основа на увидот се констатираше дека вандализирањето е извршено од најмалку две лица за да би можеле на импровизиран начин да навлезат на горниот кат. Тие планирано дошле до врвот со солидна опрема за палење на шпер таблите и алати за корнење и кршење, изјави Зија Јонузовски, секретар на клубот.

Според нивниот увид запалена е една шпер табла и потоа со кршење сторителите се качиле од првиот кат на вториот кат при што направена е штета од околу 5 000 денари.  Со насилни удари од внатрешноста со чекани на десет прозорци се искршени стаклата. Од нив осум на вториот кат и два на првиот кат, со што направена е штета од 15.000 денари.

-На вториот кат со удари од внатрешноста со чекан целосно е откорнат еден прозорец и профилите фрлени се надвор, направена штета од 8 000 денари. На вториот кат со удари од внатре со чекан скршен рамот од еден прозорец, направена штета од 6 000 денари. Запален агрегатот за струја од 3 KW, со 10 литри бензин во него,направена штета од 20 000 денари. Од запалениот агрегат е предизвикан пожар и изгорени се материјали и алати, кои биле зафатени во близината, дополнително ќе се утврдува штетата, потенцира Јонузовски.

Уништени се метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата (штета од 12 000 денари), а сторителите освен демолирање украле и батериска бормашина вредна 5 000 денари.

-Со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат направена штета од 4 000 денари. Оштетена опремата од соларниот панел, нахнадно ќе се утврдува штетата. Изгорени и испокршени и други материјали и алати кои дополнително ќе се утврдат при расчистувањето на штетите, информира Јонузовски.

Планинарите со вчерашната акција привремено ги затворени сите испокршенми десет прозорци со плексан и дрвени даски со цел во Кулата да не навлегува снег во зимскиов период. Целосната санација ќе се реализира наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.

ас

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Доделени прехранбени производи и финансиска помош за две семејства

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!