• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Отворена изложбата „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“ на Ѓоко Симјаноски во Тетово

26/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во концертната сала на поранешниот Дом на Армијата во Тетово од вечерва се изложени 45-те дела на охридскиот сликар Ѓоко Симјаноски. Изложбата која е насловена „Го сакам Охрид…ама го љубим и Тетоо“  е можност љубителите на уметноста да видат 45 дела во сув пастел со мотиви од Охрид и Тетово.  Тој пренесува 14 мотиви од Тетово, а останатите од Охрид.

-Овде пред тетовчани ми е особеоно драго, што ги видов од моите роднини и многу пријатели и се најдовме после многу времиња. Понудувам 45 мои записи од мојата љубов кон Охрид но и кон Тетово, бидејќи сум половина тетовчанец. Ова е на некој начин и мој аманет кон идните генерации да го сочуваат ова богатство што постои во Македонија. Без разлика дали тоа се наоѓа во Охрид или се наоѓа во Тетово. Овде на сликите има неколку објекти што повеќе ги нема, за жал. Во трката за многу пари, но во трка која нé носи во беспаќе, ние изгубивме многу убави нешта кои за жал повеќе не постојат, истакна на отворањето авторот Ѓоко Симјановски.

Сликите се создадени во изминатиот период од четири години.

-Ова е е еден апел, еден повик, сите да ја сочуваме нашата историја да го сочуваме она што го имаме, бидејќи ако го немаме тоа, немаме ништо. Ако нема љубов, што е основното нешто што го движи општеството тогаш ќе не нема и нас и ќе нема и идните генерации. И затоа сето ова што го гледате е израз мојата голема љубов кон нешто што ми подарил Господ што се вели за да можам ги создадат вакви какви што се, истакна на отворањето авторот Ѓоко Симјановски.

Авторот кој е роден 1947 година по професија е електроинженер, но од детството почнува да слика и самиот да се усовршува.

-Кога имав седум години, не однесоа на претставата Петар Пан каде видов еден плакат и јас тоа го прецртав не знам колку пати. Така почнав со цртање, а потоа во средното училиште се фокусирав на портрети и така се создаде оваа љубов. Направив голема пауза, дури некаде во 80-тите години при патување во Париз купив пастелни бои и со многу љубопитност и труд дојдов до време да изложувам повеќе мои дела, изјави авторот Симјаноски.

Освен со сликарствтото, Симјаноски се занимавал и со работа во радио и фотографијата.

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Дефиле на играорци и концерт- утре е манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
17 ° c
44%
8.55mh
41%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!