• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отворена изложбата „Пролетен салон“ во Тетово

22/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во фоајето на тетовскиот Центар за култура „Иљо Антески-Смок“  од вечерва се изложени 56 дела на исто толку уметници учесници на колективната ревијална изложба „Пролетен салон 2023“, во организација на Здружението на ликовни уметници на град Тетово. Изложени се дела од областа на сликарство, вајарство, графика, графички дизајн и фотографија.

На свеченото отворање вечерва, Здружението на ликовни уметници на град Тетово заедно со Центарот за култура постхумно додели плакета-благодарница на семејството на академскиот сликар Александар В. Настески, кој почина во јануари оваа година. На изложбата за прв пат е претставено и неговото дело „Македонија-ера на кладенките“

-Академскиот сликар Александар В.Настески беше еден од основачите и вреден член на Здружението. Нека е вечен споменот за него, кој пет децении создаваше дела и го претставуваше нашиот град и Здружението со многу изложби во повеќе држави, истакна Арбенита Мета, претседателка на  Здружението.

-Чест ми е што ја добивам оваа благодарница. Татко ми беше еден од оснивачите на Здружението на ликовни уметници на град Тетово како и еден од основачите на ликовното студио при Домот на култура „Иљо Антески-Смок“. Неговото отсуство е очигледно, меѓутоа неговото присуство е се присутно, истакна Ивана Настески, ќерка на Александар, а воедно и учесник на изложбата со нејзината слика „Ден и ноќ“.

Учесниците на изложбата ги поздрави и тетовскиот градоначалник Биљал Касами.

-Чест ми е да бидам дел од оваа изложба и тоа што Тетово станува важна точка во областа на уметноста на национално ниво и пошироко. Затоа на сите ликовни уметници им посакувам успех и на светско ниво, истакна Биљал Касами.

Покрај уметници од Тетово, со свои дела се претствени артисти од неколку градови низ Македонија како и од земјите во опкружувањето.

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 23 мај

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!