• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отворена колективната изложба „Зимски салон“ на 46 автори од Здружението на ликовни уметници на град Тетово

20/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на ликовни уметници на град Тетово вчера во просторите на Уметничката галериа во Тетово ја отвори колективната ревијална изложба „Зимски салон“ за 2022 година. Пред љубителите на уметноста се претставија 46 уметници со 46 уметнички дела, од областа на сликарството, скулптурата, графиката, графичкиот дизајн и фотографијата.

Отворањето на изложбата го изврши професорката по графички дизајн Нора Халими која потсети дека крајот на годината Здружението на ликовни уметници на град Тетово секогаш го завршува со своја годишна изложба давајќи пристап до јавноста да види што се случува во  ателјеата на уметниците.

-Зимскиот салон останува оаза на дискурси, медиуми и уметнички техники. Сликарството и натаму доминира како медиум, но има и други уметнички форми и изрази. Општо земено, делата на ова издание на Зимскиот салон, повеќе од изјави или уметнички ставови, се рефлексивни пристапи, моментални експлозии или дури и плач кој потекнува од искуство, емоции, инспирација. Малкумина од нив изразуваат револт или иронија кон неможноста, искривувањата и општествените пречки. Како резултат на тоа, тие повеќе личат на монолози, со покана за искуство, наместо покана за дијалог и реакција од рецепторот, публиката, порача на отворањето Нора Халими.

Изложбата ќе биде отворена пет дена и љубителите на уметноста ќе можат да ги видат мотивите на уметниците во комбинација со визуелни симболи кои носат различни пораки.

 

 

 

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

По 19-ти пат со годишна изложба се претставија членовите на фото групата Чкрап од Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.