• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Овластен судски вештак за електротехника сведочеше на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

02/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Судењето за пожарот во тетовската модуларната болница денеска продолжи со сведочење на овластен судски вештак по електротехника, жена која била придружник на човек кој бил на болничко лекување и цитирање на наслови од писмени докази од страна на адвокатите на обвинетите.

Овластениот судски вештак по електротехника Ирфан Шаќири пред судот образложи дека по наредба на Јавно Обвинителство извршил вешт наод за можните индиции за појава на пожар во објектот на модуларната болница.

Тој објасни за делот за приклучување на објектот во мрежата за дистрибуција на електрична енергија.

-Целокупната постапка за изведување на електричната инсталација од почеток до крај не е изведена согласно прописите и правилниците за ваков тип на градба. Самиот чин на приклучување на објектот во напонската мрежа на операторот е изведена од двајца вработени во Клиничката болница без изготвување документ, елаборат кој што е неопходен за ваков тип. Целата работа на овие двајца електричари е изведена без никаков надзор од стручни лица овластени електроинженери, овластени од нашата Комора на електроинженери, посочи Ирфан Шаќири.

Според наодот на вештакот изведувањето на електричната инсталација во модуларната болница е реализиран со недостаток на голем број на документи потребни за ваков тип на градба.

-Објектот, модуларна болница, проектиран и конструиран од страна на „Брако“ е монтиран, според нив, како што се барало од Министерство за здравство. Според нивната изјава, нивна должност била само да го изготват и монтираат објектот на дадената локација. Од нивна страна во делот на електричната инсталација исто така нема елаборат, бидејќи според нив никој не барал од нив да изготват таков документ. Мене ми беше приложено само од нивна страна една шема кој е битен елемент во процес на електрична инсталација, документ за сите уреди во самиот објект, но била изготвена, ми беше посочено, само за нивни интерни употреби, не беше валиден документ, посочи вештакот Ирфан Шаќири.

Следното рочиште ќе се одржи на 21 март.   Судот побара за таа расправа адвокатите на одбраната да посочат за кои околности се повикуваат предложени сведоци од нивна страна.  Судијата определи и два термини за рочиште за следниот месец односно за 4 и 25 април.

И денеска пред да започне рочиштето, група на граѓани се собраа пред зградата на судот за поддршка на обвинетиот д-р Бобан Вучевски за кого сметаат дека како лекар не треба да биде да има обвинение во овој судски процес.

-Дојдовме да му дадеме поддршка на човекот кој што стана синоним на доброта, професионаност и на нешто што многу за него можат да учат во смисла на лекарска етика.  Ги повикувам граѓаните на присуство на овие настаните, затоа што тој тоа го заслужува, Бобан е она што секој еден мора да го чувствува за себе, изјави граѓанин на Тетово.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.