Во чест на 80 годишниот јубилеј од ослободувањето на Тетово утре, недела 17 ноември панихида за сите партизани, бранители и херои на Македонија ќе отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. Почеток на панихидата во 9 часот веднаш по светата литургија.