• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

По два часа од главната расправа судењето за пожарот во модуларната болница одложено за 27 декември

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

07/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Два часа откако почна судењето за пожарот во тетовската модуларна болница текот на главната расправа беше одложен за 27 декември во 10 часот.

До одложување дојде поради несогласување на бранителите на сите обвинети околу презентацијата на доказите од страна на Обвинителството. Тие бараа Обвинителот да ги чита сите докази, намест,  како што реко,  да ги цитира само насловите. Воедно имаа забелешка дека дел од насловите не се содржани во листата на докази кои како Обвинителство ги доставиле до Судот.

За продолжението на главната расправа адвокатите писмено ќе се произнесат по однос на доказите кои ги нуди Јавното Обвинителство, а кои не се во бараната форма односно содржина со цел да се избегне одолговлекување на постапката заради чести упаѓања во негирањето на доказите понудени од Јавниот Обвинител. Јавниот Обвинител се согласи на таквото нешто со оглед дека тоа е во интерес на кривичната постапка по што судот ја одложи главната расправа. Терминот е усогласен по барање на странките.

Претходно на самиот почеток обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница Тетово како правно лице по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

До судење дојде откако на 27 јули 2022 Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово.  Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет,  електроинжинер  и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството.

Пред два дена започна и отстранување на остатоците од изгорената модуларна болница.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Заврши реконструкцијата на улица „Никола Тесла“- од денес пуштена за сообраќај

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!