• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

По единаесетти пат се одржа манифестацијата „Денот на гравот“ во тетовско Теарце

08/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По две години пауза поради пандемијата, денеска во тетовско Теарце се одржа единаесеттото издание на манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето.

  Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.

-Секоја година расте бројот на посетитители, годинава бележи некаде околу 600 гости. Основата на настанот и иста, сакаме гравот да го промовираме на повисокото ниво и на тој начин да им помогнеме на земјоделците, медарите, на училиштата кои одлучиле да посветат дел од работата на оваа култура. Одбележувањето на овој ден е значајно во нашиот обида да ја негуваме традицијата на одгледување на гравот, изјави Метин Муареми од ЦЕД.

Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Мирко Ѓорѓески.


-Подготвуваме околу 40 килограми грав, пиперки, патлиџани, кромид и моркови и месо. Спецификата на тетовското гравче е поднебјето каде се одгледува. Овде е мека водата и се вари полесно, додека на некои места има ткн. потврда вода. Ако овде се вари три саати, на другите места е потребно да биде двојно повеќе, изјави Мирко Ѓорѓевски од Теарце.

На манифестацијата традиционално настапија културно уметничките друштва од трите националности македонска, албанска и турска кои живеат во регионот. Преку штандови се претставија неколку училишта од регионот со разни изработки, подготвена храна, посадени растенија, а присутни беа и земјоделските производители.

ас

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Осомничен за измама од тетовски Бродец доби осум дена притвор

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!