На 21 и 22 септември планинарскиот клуб Јелак го организира седмото традиционално искачување на врвот Љуботен на изгрејсонце.
„Самиот настан почнува на 21 септември, сабота со собирање на учесниците на градскиот плоштад во Тетово, поточно пред Домот на културата. Планот е да се тргне од Тетово во 20:30 часот и да се упатиме кон Старо Село, каде што ќе ги зачекаме учесниците од другите места, и после прибирањето во 21:30 часот ќе тргнеме нагоре накај планинарскиот дом Љуботен (1.650 мнв), која ќе ни биде база за понатамошно качување. Планираното стигнување во планинарски дом Љуботен каде ќе биде поставен базниот камп е околу 23:30 – 24:00 часот. Таму е предвиден поголем одмор, имаме доволно време за вечера и разноразни активносто пред понатамошното искачување.Во поход на самиот врв тргнуваме некаде околу 02:30 часот на 22.09, за да не дремеме премногу околу домот, а на самиот врв да стигнеме околу 04:30 – 05:00 часот за да бидеме на лице место и да го дочекаме самото изгрејсонце“, информираат од ПК Јелак.
Сите останатидетални информации на следниот линк
https://www.facebook.com/events/522723400454654/