• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

По втор пат пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот барајќи повисоки пензии

17/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По втор пат пензионерите од Тетовско организираа јавен протест и блокирање на сообраќајот во градот со цел да го изразат незадоволството од ниските пензии. Повторно околу еден час претпладнево се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот.

– Нашето барање е исто, линеарно зголемување од 5000 денари и минимална пензија да биде 20 000 денари. Да се добие подостоинствен живот на пензионерите кои се запоставени. Прв пат по осамостојување на државата пензионерите излегуваат на протести, после 32 години. Многу се ниски пензиите и преку протестите да треба да ги добијат правата. Работна група која работа на создавање на услови и разгледување на барањата нема уште резултати, до крај на месецот ќе излезат со став. А од социјалните мрежи читав премиерот вели дека со закон ќе се регулира со минимална пензија. Линеарно да биде за сите еднакво, изјави Селвер Мемети, претседател на Здружение на пензионери.

Пензионерите велат дека цените на храната се премногу високи и мораат да протестираат за добијат повисоки пензии.

– Во бифе на Владата има најниски цени, за нив, а за нас не. Нека ги извади тие розеви очила. Да го види овој народ кој гладува и мизерува. Оставка за Станка и Тренчевска, изјави Ленче Симовски.

– Министерката, премиерот и претседателот да излезат и да го видат овој народ, да ги видат пензионерите. Тие се главни за сите, како татко на сите деца. Ако ги пушти на улица, значи дека не е способен за нив да ги чува. Пари има нека не нè лажат. Нека седнат, нека ги решат проблемите на пензионерите. Цело Скопје ќе го блокираме. Се чека ден и датум. Шест посто е малку, мора да има за сите за да живеат. Во оваа скапотија не се излегува на крај. Ако не, нека ни ја пратат храната они таму во Собрание што ја јадат, по 30 денари бифтеците. Нека ни ја пратат на нас пензионерите тука. Нека ја поделат низ цела Македонија, а они нека плаќаат по 100 евра да ги видиме, изјави Летка Мишовска.

Пензионерите ќе имаат протести и понатаму.

ас

Поврзани објави

Вести

Даријан Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот-тоа се повеќе кривични дела

28/11/2023
Вести

Пратеникот Александар Велјановски со осуда за симнувањето на црковното знаме

28/11/2023
Вести

Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско

28/11/2023
Вести

АПИС: Mнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

28/11/2023
Вести

Општина Тетово: Работниците од Комунална хигиена ќе се префрлат во ново претпријатие и ќе земаат редовно плата

28/11/2023
Вести

Работниците од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово почнаа штрајк поради неисплатени плати

28/11/2023
Следна објава

Црвен крст со бесплатни прегледи за пензионери по повод Недела на борба против дијабетот

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
4 ° c
100%
1.92mh
89%
9 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 11 c
саб
14 c 9 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!