Советот на Општина Тетово денеска по втор пат изгласа суспензија за детален урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57А. Ваква суспензија за овој блок беше направена во декември 2021 година.
Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка, на местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) „Јелак“ каде се предвидени да се градат дваесетина згради за домување и трговски центри.
-Суспензијата за деталниот урбанистички план за урбан блок 57А на земјиште што е само во државна сопственост ќе продолжи уште шест месеци. Мислење добивме и од министерството за транспорт и врски и согласно ова, Сектор за урбанизам, изготви извештаи за запирање на деталниот урбанистички план за овој урбан блок во кој се забележани докази што му штетат на јавниот интерес, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.
Според Дурмиши со оваа суспензија се запира првичната намера на инвеститорот да се прават голем број згради но без потребните стандарди за зеленило, паркинг, училишта и слично.
-Штетата на јавниот интерес се уште не е видлива на тоа место, но доколку ќе почне реализацијата, таа ќе биде огромна. Тоа значи дека доколку се примени стандардот пресметан од просечни 25 метри квадаратни по жител што е над сите урбанистички стандарди, тоа е некаде 5600 жители таму да живеат. Од ова произлегуваат дека станбена густина би била 1600 жители по хектар што што ги надминува сите урбани стандарди кои предвидуваат од 250-500 жители на еден хектар, изјави Дурмиши.
Претседателот на Советот рече дека суспензијата на ДУП-от е во законски предвидениот рок, иако првиот е донесен пред повеќе од една година.
-Првата суспензија трае до 15 април и по тоа странката може да поднесе барање до општината за да може да гради по што влегува во сила стариот план и затоа ние ја донесевме оваа одлука за да бидеме покриени за следниот период, рече Дурмиши.
На новинарските прашања зошто не се суспендират ДУП- за други места во градот каде е евидентно дека изостануваат стандарди за зеленило, Дурмиши со образложение дека некои имаат дозвола за градење од поранешното раководство.
ас