Денес во Прилеп почина Ацо Јовановски-Реган, еден од преживеаните во масакрот кај Карпалак во 2001 година. Ацо Јовановски-Реган беше возач на еден од автобусите со кој се превезуваа припадниците на резервниот состав на Армијата, а беше меѓу повредените.
Ацо Јовановски-Реган е роден на 23 јануари 1951 година и почина на 73 годишна возраст. Погребот е утре во 15 часот во Прилеп. Беше семеен човек-сопруг, татко на две ќерки и дедо на две внучиња.
На 8 август 2001 околу 10 часот конвојот на АРМ во движење кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје беше цел на терористички напад од заседа.
Загинаа Нане Наумоски (48) ,Сашо Китаноски (39) Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29) Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово, и Пеце Секулоски (29) од прилепско Бело Поле. Имаше и повеќе повредени.
ас
фото Фејсбук