Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ соопшти дека почина професорка во пензија Верица Шопоска.
-Со голема жалост ја примивме веста за смртта на нашата драга колешка во пензија, професорката Верица Шопоска. Со нејзината посветена работа остави зад себе многу генерации на успешни ученици. Нејзината големина како педагог, професор, човек и поддржувач на Гимназијата низ сите нејзини успеси и премрежја ќе останат длабоко врежани во нашите сеќавања. Нека Ви е светол патот. Почивајте во мир! Последен поздрав од колективот на СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”, се вели во информацијата од Гимназијата на социјалната мрежа Фејбук.