• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почна реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ во Тетово 

26/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово почна реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ која се протега од кружниот тек кај стадионот па до улицата „Никола Тесла“ во близина на поштата. Според градоначалникот Касами освен нов слој на асфалт по потреба ќе има интервенирање на подземната инфраструктура.

-Се прави реконструкција на улица „Мирче Ацев“, затоа што оваа улица беше во многу незавидна ситуација и положба. Ние одлучивме дека треба да се реконструира, целосно да се смени слојот на асфалтот и во неколку места ќе се направи бај-пас за атмосферската канализација и каде има потреба ќе се сменат и водоводни цевки. Работиме за долгорочно решение на овој дел од градот, ова е главната артерија на градот, централното подрачје, кое за жал со години и децении наназад немаше ДУП. Веќе ангажиравме компанија планер која работи на подготовка на ДУП за четири блока кои се во трасата на булеварот „Илинден“ со што ќе се отвори можноста да се отвори и овој булевар и со тоа Тетово ќе ја отвори главната артерија преку што ние цениме дека еден до главните проблеми на хаосот на сообраќајот ќе се реши, изјави Касами.

На новинарско прашање зошто не е завршено продолжувањето на булеварот „Благоја Тоска“ од мостот кај болницата, Касами рече дека е веќе при крај.

-Колку што знам уште утре може да се фрли првиот слој на асфалт и многу брзо тоа ќе се заврши како проект. Исто така работиме и на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ кој веќе е избрана компанијата, за да се продолжи од касарната до крај. Исто така сме во крајна фаза на подготовка и на проектот за „Благоја Тоска“ од касарна исто кај касарната во тој сегмент што остана. Од овој момент ние интензивно ќе продолжиме во санација, реконструкција и отворање на булевари и патишта се со цел Тетово да ги добијат улиците и инфраструктурата која ја посакуваат со години, истакна Биљал Касами.

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава
црвен крст

Крводарителски акции во вторник, среда и недела

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!