СВР Тетово во денешното соопштение информира за повеќе приведени лица.
СВР Тетово информира дека вчера 26 март околу 15 часот, полициски службеници привеле 31 годишник од тетовски Пирок, кој претходно, на фудбалски натпревар на кој настапил за екипата на Пирок, физички го нападнал главниот судија на натпреварот, незадоволен од негова одлука. Се расчистува и документира случајот и на приведенот ќе му биде изготвен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (26 март) околу 18 часот и 25 минути го лишиле од слобода 69-годишниот Џ.З. од тетовска Голема Речица, кој час и половина пред тоа бил пријавен од неговиот соселанец Н.С.(51) дека околу 15 часот во Мала Речица физички го нападнал, при што употребил и остар предмет со кој го повредил Н.С.. По целосно документирање на случајот против Џ.З. ќе следува соодветен поднесок.
Ноќеска (27 март), дваесетина минути по полноќ, 45-годишниот тетовец Џ.Ј. во СВР Тетово пријавил дека вечерта околу 22 часот и 30 минути, на улица „Борче Кочовски“ во Тетово, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице, кое му го оштетило и велосипедот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случа
Шеесет и едногодишен жител на тетовско село вчера (26 март) во 19 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден, околу 11 часот, во дворот пред семејната куќа, бил физички нападнат од неговиот 35-годишен син. Пријавениот лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднес