• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 30 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските полицајци привеле двајца млади кои ги затекнале додека се тепаат, а во полициска станица биле донесени и две други лица поради попречување на полициска работа. Вчера околу 17 часот двајцата млади на 19 и 20 години биле затекнати како се тепаат на улица „Маршал Тито“.

-Полициски службеници ги привеле Н.Џ.(20) од Република Албанија со времен престој во Тетово и 19-годишниот Д.Р. од тетовска Голема Речица, поради меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот на двајцата инволвирани ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Половина час претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетов приведен е 37-годишен од тетовско Џепчиште, кој поради недоразбирања во сообраќајот, агресивно се однесувал кон друго лице, како и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

-Ноќеска (28 март) околу 2 часот и 30 минути, во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово  го привеле Б.Е.(28) од ова тетовско село, кој одбил полициска наредба додека преземале службени дејствија и се обидел да избега, информира Јосифоски.

Службениците на СВР Тетово ќе преземаат уште мерки за расчистување и документирање на случајот.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

30/05/2023
Вести

Oткриени и санкционирани 32 прекршоци за неправилно и непрописно престигнување

30/05/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-Пријави за напад врз дете и измама, украден лаптоп од џамија, повреден велосипедист

30/05/2023
Вести

Промоцијата на волонтерството како начин младите да активно да решаваат проблеми во заедницата

30/05/2023
Вести

Во Загреб е поставена изложбата „Убавите жени“ на тетовскиот уметник Славчо Максимовски

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Следна објава

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!