Секторот за внатрешни работи Тетово ја известува јавноста дека на деновите 03, 07, 10, 12, 13-Јуни со почеток од 07.00 до 15.00 часот во стрелачкиот центар „Еребино“ Општина Желино, ќе врши боево гаѓање, што секоја година се врши со припадници на тетовската полиција.
Исто така, на 05 јуни во место викано „Мавровска брана“ во Маврово, на 06 јуни во ростушкото село Аџиевци и на 03 и 04-Јуни во импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ во село Волковија ќе се врши боево гаѓање и од страна на припадниците на гостиварската полиција.