• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Полицијата со локалните совети за превенција бара начини за спречување шумски пожари

20/07/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На иницијатива на Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве се одржаа повеќе работни состаноци на локалните совети за превенција од општините Брвеница, Врапчиште и Маврово-Ростуше, а пред тоа и од Гостивар.

На средбите кои се дел од кампањата „Безбедно лето“ се разговарало за потребата од навремено превенирање на пожари на отворен простор и шумски пожари, со координирано вклучување на повеќе надлежни служби во општините.

-Ова, пред се поради високите температури на воздухот последните денови и зголемените ризици од настанување на пожари. Покрај ова, станало збор и за ефикасно пресретнување на свадбените пукања со огнено оружје и на неовластеното приредување на огномети и употреба на разновидна пиротехника на свадбени и други семејни свечености, како и  за откривање и санкционирање на угостителските објекти и угостителите кои послужуваат малолетници со алкохолни пијалаци.  Од страна на присутните е констатирано дека вакви средби треба да се организираат почесто, а советите да вложат напор да го најдат вистинското место и улога во секојдневието на подрачјата на кои функционираат  пред се на безбедносен план, посочи Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

СВР Тетово воедно со апел до граѓаните да не палат огнови на отворен простор, да не фрлаат догорчиња и неизгаснати опушоци и да бидат максимално внимателни кога се движат низ полето и шумите, со потсетување дека за предизвикување шумски пожар согласно член 227 од Кривичниот законик предвидена е затворска казна од 8 до 10 години, зависно од крајните последици.

ас

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Отворена канцеларија за бесплатна правна помош за граѓаните во Општина Боговиње

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!