Соопштение на СВР Тетово 3 јануари 2024 година:
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (2 јануари) околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Ф.Ф. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.