Соопштение на СВР Тетово 7 април 2024
Денеска (07.04.2024 година) во периодот од 09.00 до 13.00 часот на неколку локации во централното градско подрачје во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведоа превентивна активност на тема „Паркирај совесно – Паркирај одговорно”.
За време на активноста, чија цел е подигнување на свеста и сообраќајната култура, на возачите им беа поделени летоци со информативно – едукативна содржина. Исто така, им беше укажано дека неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите и од големо значење е возилата да се паркираат на места наменети за паркирање за да се унапреди безбедноста на сите учесници во сообраќајот.