• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полошките градоначалници и во 2023 ќе бараат решение за регионално справување со кучињата скитници

15/12/2022
во Некатегоризирано
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалниците од Полошкиот регион и на денешна последна седница за годинава на Советот за развој на регионот повторно ја најавија регионалната соработка со цел справување со кучиња скитници. Во април година Советот информираше дека не е возможно да има регионален стационар за бездомни кучиња во Брвеница, па во текот на годината неколку пати беше посочена Општина Врапчиште, но без конкретно решение.

На новинарско прашање дали во Тетово ќе се преземат итни мерки поради драстичниот број пријави за напади од кучиња, градоначалникот Касами исто така со најава дека ќе се преземе нешто.

-Има еден друг предлог со кој се надеваме дека ќе имаме посериозно решение на проблемот. Се работи за еден заинтересиран човек кој ги сака кучињата, кој го гледа проблемот, бара да му обезбедиме ние простор каде што ќе може да направи инвестиција и на волонтерска основа ќе може да ги смести сите скитници кучиња и за нив да се грижи. Да се надеваме дека до крајот на месецот ќе имаме некое конечно решение за локацијата и да ни достави идеен проект за да исто излеземе пред јавноста со некое решение кое ќе биде подолгорочно. Досегашниот партнер останува да работи до крајот на реализација на договорот останува. Уште не е целосно реализиран договорот. Продолжуваме со нив со акции но на почеток сме рекле дека тоа не е доволно, рече Касами.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој од 2023 ќе биде претседател на Советот на развој на Полошки плански регион вели дека нема отстапување од идејата за регионален центар како најоптимално решение.

-Ние во Гостивар имаме два центри за згрижување на кучиња скитници. Меѓутоа тоа се покажа како неодржливо. Има разни луѓе кои одат и кршат таму па ги пуштаат кучињата.  Ние не сме во состојба да имаме работници нон стоп кои што ќе седат 24 часа таму. Се уште функционираат тие центри, една е сертифицирана како легална и по сите стандарди. Мислам дека единствено решение за сите општини на Полошки регион е да се направи регионален центар за згрижување на кучињата скитници сега со нова локација во Врапчиште. Ако се направи тоа нема потреба кучињата да скитаат од една во друга општина ќе имаме заеднички центар во кој што ќе се вработат ветеринари кој што ќе се функционира 24 часовно и ќе третира сите кучиња. Мислам дека е единствено решение кое е одржливо и ќе може да функционира е само ова, рече Таравари.

На денешната седница по принципот на ротација и големина на општина, беше одлучено Таравари во 2023 да ги раководи седниците на Советот.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Полицијата казни пешаци, ќе бидат повикани на сообраќајна поука

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.