Неколку сограѓани во саботата доживеле непријатни случки па дури и со опасноста по здравјето и животот. Поради силниот ветер, саксии со цвеќиња, стаклени тегли и други предмети поставени на балконите или надворешноста од прозорците, паѓале од зградите и со тоа доведени во опасност биле здравјето и животот на минувачите.
-Дуваше силен ветер, пред мене падна саксија со цвеќе, среќа никој не помина и не беше повреден, ама кој знае од кој кат паднаа, можеше и да отепа некого, вели во допис до редакцијата жител на Тетово.
Сограѓанка од Тетово исто така сведочи зa сличен настан
-При силен ветер, паѓаат разни предмети оставени на балконите или надворешноста од прозорците. Апелирам сограѓаните да не оставаат такви предмети на тие места, може да повредат некого или не дај Боже да настрада некој. Пред мене паднаа неколку стаклени тегли, вели жената.