Денеска беа поставени последните табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, со што го завршивме овој процес. Таблите се поставени на клучни локации низ градот Тетово (во близина на Основен суд, Tетовски Клинички Центар, Градски пазар, строгиот центар каде се наоѓаат банките и Пошта, пред ООУ “Лирија” каде учат деца во посебни паралелки).
Апелираме до возачите да бидат одговорни и солидарни, да не ги узурпираат местата предвидени за паркинг на оваа категорија на лица.
Сите заслужуваме еднаков третман и права, а ние се грижиме за тоа, порачуваат од ЈП “Градски паркинг” Тетово