• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Потпишан договор со кој собирањето на отпадот во Тетово го презема странска приватна компанија

10/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата и се отстапува стопанисувањето со отпадот. Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање.

– Должностите и обврските се веќе усогласени во договорот со кој се обврзаа двете страни. Јавното приватно партнерство предвидува сеопфатни решенија и изградени според словенечкиот модел кој се покажа многу успешен во сите градови. Се чувствувам почесен што оваа компанија го избра Тетово да стане партнер во управувањето со отпад. Од сега Тетово има еден проблем помалку, рече Касами по потпишувањето.

Претставникот на групацијата Саубермахер, Андреас Опелт рече дека имаат повеќе речиси три децениско искуство во менаџирање со отпадот во дваесетина градови во повеќе земји. Вработените ќе бидат преземени од нивната компанијата.

– Обврските кои ги презедовме, сериозно ќе ги прифатиме, и ќе видите дека наскоро менаџирањето со отпадот ќе биде унапредено со почисти улици и почиста животна средина. Знаеме дека е предизвик тука, но имаме доволно искуство за да ја подобриме состојбата на повисоко ниво, затоа учествуваме во овој проект и веруваме дека ќе донесеме за корист за граѓаните и градот. Ќе има многу работа во првите неколку години но потоа веруваме дека градот ќе биде на подобро ниво, истакна Андреа Опелт.

Предвидени се 20-тина точки со обврски на приватната фирма.

– Приватното претпријатие од Словенија ќе работи во однос на комуналниот отпад, ќе ги преземе сите активности за собирање, транспорт и депонирање на отпадот. Одржувањето на јавни површини и паркови останува во рамки на постојното јавно претпријатие. Предвидени се 20 точки обврски на приватното претпријатие. Доколку општината обезбеди механизација, тогаш партнерот има обврска да го прифати, според договорот со пазарни услови за закуп, истакна Касами,

Во одделението за комунална хигиена има околу стотина работници кои треба да бидат преземени и да работат во приватната фирма.

ас

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Повреден работник при гаснење пожар во фабрика покрај автопатот Тетово-Гостивар

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
7 ° c
87%
0.43mh
100%
4 c -3 c
пет
5 c -1 c
саб
7 c 1 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!