Соопштение на СВР Тетово.
Полициски службеници од СВР Тетово вчера (25 октомври) околу 14 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода М.И.(22) од гостиварско Форино, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против М.И. ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Вчеравечер (25 октомври) околу 23 часот и 45 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец В.Л., кој ден пред тоа бил пријавен во СВР Тетово од 37-годишниот Г.С. од Тетово дека заедно со уште три други лица, на различни локации во Тетово, неколку пати физички го нападнале. Претходно во 10 часот и 10 минути, во тетовска Мала Речица, поради сомнение за негова инволвираност во истиот случај бил лишен од слобода и 46 -годишниот Х.К. од ова село, додека во 11 часот во Полициска станица Тетово повикан е и Б.С.(45) од Тетово. Се расчистува и документира случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.