• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повеќе случаи на приведени поради најдена дрога, физички напад и агресивност кон полицајци

13/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека во изминате 24 часа се приведени повеќе лица поради различни причини.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 9 часот и 30 минути во тетовски Дреновец го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец А.Ј. затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчеравечер (12 декември) околу 21 часот,  на улица „107“ во Тетово, полициски службeници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец Е.Р. кај кого била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следува поднесок.

Вчеравечер (12 декември) околу 21 часот, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово приведен е малолетник од Тетово затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок.

Вчера (12 декември) во 14 часот и 15 минути полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: Ш.А.(59), М.А.(46), Б.С.(32) од тетовско Долно Палчиште, Х.С.(34) и Г.С.(70) од тетовско Селче Кеч, а кои биле пријавени од 24-годишниот С.Н. од гостиварски Градец дека во куќа во Селце Кеч околу 11 часот него и неговата 52-годишна мајка физички ги нападнале. Според пријавеното, во нападот тие користеле и дрвени предмети. Лишените се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (12 декември) околу 11 часот и 10 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово го привеле 44-годишниот Н.И. од тетовска Брвеница, кој се однесувал агресивно и ги навредувал, додека вршеле службени дејствија. Се расчистува и документира случајот.

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Спортска академија победник на општинскиот турнир во фудбал за средни училишта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!