Црковниот одбор на храмот посветен на Свети Никола Мирликијски Чудотворец во Лешок со молба до православните христијани да донираат средства да се заврши фрескоживописот, да се изработи иконостас, а во иднина и црковна трпезарија и камбанарија.
„Молба до сите православни христијани во Македонија и низ целиот свет. Почитувани и најмили во Христа распнатиот и воскреснатиот наш спасител, во нашето село Лешок, со помош Божја градиме црква посветена на Свети Никола Mирликијски чудотворец. Црквата се гради на стари темели. Објектот е изграден но преостануваат низа други обврски поврзани со него. Во тек е фрескоживопис, изработка на иконостас, а во план е изградба на црковна трпезарија и камбанарија.
Селото Лешок со Лешочкиот Манастир и сите светињи во него, претставува многу значајно место за нашата татковина Македонија и за Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија. Значајно е и за pравославниот македонски народ од Тетово и Тетовско, а изградбата на црквата е многу важна за лешочани затоа што на тој начин ќе се здобијат со селска парохиска црква.
Имајќи ги предвид сите овие работи, најсмирено ве молиме да ни помогнете секој според можностите кој ќе ни помогнат во целокупните градежни дејствија. Така вашите имиња ќе се вградат во ова родољубиво дело. Однапред ви благодариме. Семилостливиот Господ наш Исус Христос, по молитвите на Неговата Пречиста мајка, да ви даруваат секаков благослов“
ЖИРО-СМЕТКА: МПЦ-ОА ТЕТОВСКО ГОСТИВАРСКА ЕПАРХИЈА 300000003758883
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА-ЗА ЦРКВА СВ НИКОЛА ЛЕШОК
Лица за контакт:
Бранислав Анѓелковски 078332723
Игор Апостоловски 070263273
Мирослав Јастревски 078200567