Соопштение на СВР Тетово 26 февруари 2024
Ноќеска (26 февруари), четириесетина минути по полноќ, Ф.С. од тетовско Горно Седларце, кој управувал патничко моторно возило „рено сеник“ со тетовски регистарски ознаки, по сторен сообраќаен прекршок не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, а потоа се однесувал и агресивно кон нив. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (25 февруари) околу 13 часот и 20 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, од малолетник од Тетово, во присуство на родител, одзеле скутер „априлија“, кој претходно бил пријавен дека го украл од 29-годишнииот Б.М. од тетовска Мала Речица. Скутерот му е вратен на сопственикот, а по целосно расчистување и документирање на случајот против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.
Вчеравечер (25 февруари) околу 22 часот и 35 минути, во тетовска Голема Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот С.Р. од ова село, кај кого бил пронајден и одземен велосипед, кој претходно бил пријавен дека бил украден. Се расчистува и документира случајот.
Четириесет и деветгодишниот М.Љ. од тетовско Слатино, вчера (25 февруари) во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 14 часот во тетовско Теарце, на враќање од фудбалски натпревар, бил физички нападнат од Т.И.(37) од ова село. Во текот на денот Т.И. ќе биде повикан на службен разговор во Полициското одделение Теарце за расчистување и документирање на случајот.